Нова снежна покривка на планините викендов, се очекува облачно време со врнежи од дожд

Фото: МИА

Нова снежна покривка ќе се формира викендов на планините од врнежите што ги најавуваат метеоролозите.

Од УХМР информираат дека под влијание на влажен бран за време на викендот ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, а на планините од снег. Повремено врнежите ќе бидат пообилни, на места и поројни (локално над 20л/м2). Поради продор на постудена воздушна маса во недела врнежи од снег ќе има и на некои повисоки места, особено во западните делови од земјава. На
планините ќе се формира нова снежна покривка.

Од понеделник ќе преовладува претежно стабилно време, освен во крајните западни делови, каде ќе има услови за повремен дожд.

Утре температурата утринска ќе биде од три до седум, дневната од шест до 14. Во недела утринската од два до осум, дневната од 4 до 11 степени. Во наредната недела утринските температури ќе се спуштат и под нулата и ќе се движат од минус три до седум степени. Дневните ќе бидат од 5 до 15 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот