Нова „бомба“ на Николоски и Јанакиески: Зградите се на Нефи бандитот, тоа е дел од договорот за изборите

Денеска на Јутјуб каналот „Обнова на режимот“ беше објавена нова “бомба“ во која, како што се тврди, се слуша разговор меѓу Александар Николоски, актуелен носител на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ4 и ексминистер за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Во разговорот именуван како „Николоски градежна мафија со Нефи во Охрид“, се споменува и сегашниот советникот во Општина Охрид, Нефи Усеини, претседател на огранокот на ДУИ во градот, кој е сопственик на неколку дивоградби во Охрид.

Од аудио снимката може да се слушне како Николоски не дозволува да се чепка местото каде ќе гради Усеини, бидејќи, тоа му било дел од договорот за избори.

„Ало министре“, одговара Николоски, на што Јанакиески возвраќа: „Шефе, има некој план за Охрид, … Гранит кај што ви се зградите, во продолжение на Гранит зградите“, а Николоски му вели: „Оооо никако тоа. Тие се на Нефи, овој бандитов, Албанецот. Згради се тие така?“. Јанакиески вели „Четири згради се, да“, па Николоски продолжува: „Да, да, од Нефи се тие. Тоа му е дел од договорот, ова, за избирите.

Против Усеини и во моментов има неколку предмети кои ги води обвинителството во Охрид.

Разговорот може да го слушнете ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот