Нов режим за влез во Бугарија на државјаните на Македонија, Израел, Турција и Србија

Граничен премин граница
Граничен премин / Фото: EPA-EFE/GEORGI LICOVSKI

Граѓаните на Северна Македонија, Израел, Турција и Србија кои доаѓаат во Бугарија од четврток мора да имаат и зелен сертификат и негативен ПЦР тест. Тоа е наредба од бугарската министерка за здравство, Асена Шербезова.

– Од четврток, 20 јануари, државјани на Република Северна Македонија, Израел, Турција и Србија и членовите на нивните семејства кои пристигнуваат од земја-членка на Европската унија, Европската економска област, Швајцарија, Велика Британија и Северна Ирска, Р. Северна Македонија, Израел, Турција и Србија, која е во „црвената” зона, дозволен е влез на територијата на Бугарија со приложување валиден дигитален ЕУ-сертификат за КОВИД за вакцинација или прележана болест, со негативен резултат од ПЦР-тест до 72 часа пред влез, соопшти прес-центарот на Министерството за здравство.

Исто така на 20 јануари „црвената зона” ги опфаќа Албанија, Босна и Херцеговина, Колумбија, Република Малдиви, Фиџи, Демократска Република Сао Томе и Принсипе, Сент Винсент и Гренадини.

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот