НОВ ЛИДЕР, ИСТИ ЗАКАНИ: „Исламска држава не е само пред вратите на Европа, таа се шири на сите страни“

Терористичката организација Исламска држава ја потврди смртта на нивниот поранешен лидер Абу Бакр ал-Багдади и именуваше негова замена. Тие преку аудио-порака објавена вчера рекоа дека новиот лидер на ИД е човекот Абу Ибрахим ал-Хашими ал-Кураши, човек сосема непознат за западните медиуми, објави Си-Ен-Ен.

Багдади загина за време на американска акција на неговата локација во северна Сирија минатиот викенд.

Пораката од ИД беше пренесена од новиот портпарол Абу Хамза ал-Карши, кој го замени претходниот вршител на оваа функција Абу Хасан ал-Мухаџир. Мухаџир беше убиен од американските сили во близина на местото Џараблус во северна Сирија, потврди официјално од Стејт департментот.

– Америка, не треба да бидете среќни поради смртта на Шеикот ал-Багдади. Дали не сфаќате дека Државата (Исламска држава) денес не е само пред вратите на Европа и во центарот на Африка, таа се шири и останува од истокот до западот – рече ал-Карши.

Командираот на американската Централна команда, генералот Френк Мекензи, изјави дека Багдади „влегол во дупка со две мали деца и се разнесол со бомба, додека неговите луѓе останале на површината“, обелоденувајќи детали за операцијата од минатиот викенд.

Пентагон исто така декласифицираше видеа и фотографии од акцијата, која покажа како силите на САД од повеќе различни локации со хеликоптери му пристапија на местото на које се криеше Багдади.

Мекензи исто така потврди дека се искористени ДНК-материјали за да се потврди идентитетот на Багдади.

Со смртта на Багдади се заврши долгогодишната потрага по еден од најбараните терористи во светот, по кој активно се трагаше најмалку пет години. Во април, во видео објавено од медиумот ал-Фуркан кој е близок до ИД, можеше да се забележи човек кој тврдеше дека е Багдади. Ова беше прво неговото појавување од јули 2014 година, кога зборуваше од Големата Џамија во Мосул.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот