НОВ УДАР ЗА ТЕРОРИСТИТЕ: По ал Багдади, потврдена ликвидацијата и на портпаролот на Исламска држава

Фото: Јутјуб/Al Shahid

САД денеска потврдија дека во операцијата на американските сили на северот од Сирија е убиен портпаролот на Исламска држава, Абу ал Хасан ал-Мухаџир, кој важеше за втор човек на ова екстремистичка организација.

Курдските сили во Сирија во неделата соопштија дека ал-Мухаџир е убиен во заедничка акција на курдските и американските сили на северот на Сирија и дека бил ликвидиран во продолжение на операцијата во која претходно погина лидерот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади.

Курдските сили соопштија дека Мухаџир бил „десната рака” на лидерот на ИД, ал-Багдади, потсетуваат британските медиуми.

Официјален претставник на Стејт департментот, кој побара анонимност, исто така, наведе дека ал-Мухаџир бил „бројот два” во Исламска држава, додавајќи дека тој е убиен во одвоена операција на американската армија од таа во која беше убиен лидерот на ИД, наведуваат британските медиуми.

Претставникот на Стејт департментот додал и дека мнозинските курдски Сириски демократски сили (СДФ) имале значајна улога во операцијата во која е убиен Мухаџир.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот