НОВ ИНЦИДЕНТ ВО АТИНА: Група непознати лица со молотови коктели и камења нападнале полицајци

Со молотови коктели и камења, група непознати лица нападнале единица на специјалната грчка полиција, како и полицајци од единицата со мотори, при што повредени се тројца полицајци, а 16 лица се приведени од кои еден уапсен, јави дописничката на МИА од Атина.

Инцидентот се случил доцна синоќа во атинската населба Ексархија, која важи за собиралиште на анархисти и доста често маскирани лица со молотови коктели ја напаѓаат полицијата.

Повредените полицајци, како што објави грчката новинска агенција АНА-МПА, биле пренесени во болница, а уапсено е 27 годишно лице. Неофицијално, уапсениот е член на анархистичката група „Рубикон”.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот