Нов член на Белата Куќа: Кучето Командер е новиот член на семејството Бајден

командер бајден
Фото: Принтскрин / Instagram

Има некои нови членови на авенијата 1600 Пенсилванија!

Оваа недела претседателот Џо Бајден објави дека неговото семејство посвоило ново кученце по име Командер.

„Добредојдовте во Белата куќа, команданте“, напиша тој на Твитер заедно со видеото од кучето.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by President Joe Biden (@potus)

Мајкл ЛаРоса, портпарол на првата дама Д-р Џил Бајден, изјави дека Командер е машки, чистокрвен германски овчар роден во септември. Тој пристигна во Белата куќа во понеделникот попладне и беше роденденски подарок од братот на Џо Бајден, Џејмс, и сопругата на Џејмс, Сара.

Исто така, беше објавено дека другото куче на семејството Бајден, Мајор, е вратено дома. Тој првично ја напушти Белата куќа претходно оваа година по пријавен „инцидент со гризење“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Josh Jacobson (@fearlessk9)

Мајкл во изјавата рече дека кучето нема да се врати да живее во Белата куќа бидејќи семејството верува дека тоа ќе биде најдобро за миленичето на долг рок.

„По консултации со тренери за кучиња, бихејвиористи за животни и ветеринари, Првото семејство одлучи да ја следи колективната препорака на експертите дека за Мајор би било најбезбедно да живее во потивка средина со семејните пријатели. Ова не е реакција на некој нов или конкретен инцидент, туку одлука донесена по неколкумесечно размислување како семејство и дискусии со експерти“, рече тој.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by A History of Dogs (@ahistoryofdogs)

Во последната вест поврзана со домашните миленици, Бајденови планираат да пречекаат и мачка, која моментално живее со згрижувачко семејство, а би требало да пристигне во Белата куќа во јануари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот