Ниски удари и навреди си кажаа Трамп и Бајден: „Кученце на Путин”, „кловн”, „лажго” (ВИДЕО)

epa08707299 United States President Donald Trump (R) and Democratic presidential candidate Joe Biden (L) take part in the first 2020 United States presidential debate at Case Western Reserve University and Cleveland Clinic in Cleveland, Ohio, USA, 29 September 2020. The USA presidential election is slated for 03 November 2020. EPA-EFE/OLIVIER DOULIERY / POOL

Синоќа во Кливленд, Охајо, се одржа првата дебата меѓи кандидатите за претседател на САД од Републиканската и Демократската партија, Доналд Трамп и Џо Бајден.

Полемиката на политичарите беше премногу жестока и емоционална, јави дописникот на МИА.

И покрај правилата на претседателските дебати, поставени од специјална комисија, актуелниот претседател Доналд Трамп се уфрлаше буквално на секој одговор на неговиот опонент. Во тоа не помогнаа ниту забелешките на модераторот Крис Волас.

Тактиката на Трамп, во целина, се чинеше успешна, посебно во првиот дел од дебатата. Бајден беше видливо дефокусиран, ја губеше мислата, понекогаш користеше погрешни зборови и беше принуден да се исправа. Но, потоа, и тој започна да го прекинува опонентот.

Кандидатите, исто така, разменија навреди еден кон друг притоа, во таа битка се чинеше победник е Бајден. Реагирајќи на интервенциите на Трамп во дискусијата, актуелниот претседател тој го нарече „кловн”, и се обиде да го спречи со такви фрази како „човек, а да заќутиш”?! (Why do not you shut up, man?!).

Двајцата кандидати постојано се обвинуваа за лаги. Исто така, Трамп се осврна и на изјавите на крајно левите членови на партијата на Бајден, па поради тоа овој требаше да се оправдува.

Дискусијата траеше час и половина и темата надворешна политика не беше допрена, на таа тема планирано е поопширно да се говори на следната дебата, во октомври. Меѓутоа, кандидатите сепак изнесоа еден кон друг кратки обвиненија на оваа тема.

Интересно беше кога Бајден го нарече Трамп „кученцето на Путин” (Putin’s puppy). Трамп пак го наклевети семејството на Бајден за злоупотреби на кога тој беше потпретседател на САД, и за неговиот син Хантер Бајден кој „започнал да заработува милиони во Украина и во Кина’, покрај тоа што „дотогаш, никаде не работел”. Како резултат, обајцата повеќепати меѓусебните обвинувања ги карактеризираа како „чиста лага”.

Прва телевизиска дебата на Трамп и Бајден, ова се клучните моменти (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот