Ништо од хокеј на Црвениот плоштад, Путин ги откажа новогодишните планови

Путин игра хокеј на Црвениот плоштад во 2021 година / Фото Alexei Nikolsky / TASS / Profimedia

Рускиот претседател Владимир Путин ги откажа своите традиционални планови за новогодишната ноќ. Тој годинава нема да игра хокеј на Црвениот плоштад, а претходно ја откажа и традиционалната годишна прес-конференција, како и обраќањето пред Федералното собрание на Русија.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопшти дека Путин не планира да игра хокеј на Црвениот плоштад оваа новогодишна ноќ.

– Колегите ми кажуваат дека обраќањето би можело да се одржи следната година, а има извештаи дека може да биде писмено. Не, никогаш не било писмено. Што се однесува до информациите дека е можно да се одржи следната година, секако дека е можно, рече Песков. .

Тој не ја објасни причината за откажувањето на плановите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот