Николоски: Врвот на партија е следен физички и телефонски од страна на параполициски структури

Фото: Принтскрин

Николоски во гостувањето во вестите во Алфа истакна дека врвот на партија е следен физички и телефонски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски денес имаше интервју за вестите на ТВ Алфа каде што посочи Македонија се соочува со тотално фијаско со справување со корона вирусот.

Според Николоски причината за лошата состојба во државата е тоа што Заев и Владата на СДСМ со корона вирусот решија да се справуваат политички, а не стручно. Показател за нестручното во справување со кризата посочи дека се бројките на заболени и фактот што во Македонија смртноста од вирусот е највисока во регионот.

-За жал Македонија се соочува со целосно тотално фијаско во однос на справувањето со корона вирусот и тоа е така затоа што власта Зоран Заев и неговата екипа решија со корона вирусот да се справуваат политички, а не стручно. Само една споредба на 17 март кога се прогласи вонредната состојба во Македонија заради корона вирусот и нели сите донесовме одлука дека треба да се одложат закажаните избори за 12 април, тој ден имало регистрирано 36 новозаболени. Вчера имаше регистрирано 40 новозаболени. Значи на 17 март 36 новозаболени, вчера 40 новозаболени што покажува дека во целиот овој период од 2 ипол месеци наместо ситуацијата да се подобрува, ситуацијата се влошува. 2 ипол месеци подоцна имаме повеќе заболени отколку на почетокот на вонредната состојба, што покажува едно тотално фијаско. Ако ги видите сите други држави бројките се едноцифрени, дури и во многу поголеми држави од Македонија, на пример Хрватска има по еден или два дневно што нема споредба со ова што се случува во Македонија- нагласи Николоски.

Николоски во гостувањето во вестите во Алфа истакна дека врвот на партија е следен физички и телефонски.

-Веќе подолг временски период имаме сомнеж, а и информации од луѓе кои и мислат добро на демократијата во државата би рекол свиркачи од разни институции кои што доставуваат информации до нас дека највисокот раководство на партијата, врвот на ВМРО-ДПМНЕ е под постојан надзор и тоа физички надзор, како и телефонски и комуникациски надзор- појасни Николоски.

Николоски посочи дека тоа е недеморатски и незаконски и изрази сериозен сомнеж дека тоа го прават параполициски структури што е целосно нелегално. Овие параполициски структури според него се контролирани од политички, а не од страна на безбедносен центар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот