Никол Кидман / Фото: Инстаграм/„Џеј-кју“

Никол Кидман сподели совети како да се преживеат тешките моменти во животот: „Мора да ја почувствувате болката“

Искуствата што со текот на времето ги стекнала ја научиле дека може да издржи дури и најтешките животни моменти …

Актерката Никол Кидман го сподели својот совет за „преживување на разорни животни ситуации“, откако неодамна беше поведена постапка за развод од нејзиниот сопруг, музичарот Кит Урбан, пишува „Пејџ Сикс“.

„Како што стареам, сакам да можам да споделувам и пренесувам сè што сум научила. Многу нешта сум видела, доживеала и преживеала. Сакам да пренесам дел од тоа знаење, таа мудрост, сè што сум научила досега …“, изјави актерката во последното интервју, по повод нејзината улога како глобална амбасадорка на јапонскиот козметички бренд „Clé de Peau Beauté“.

Размислувајќи за најдобриот дел од стареењето, ѕвездата изјави дека тоа се токму искуствата што со текот на времето се собираат, бидејќи токму тие ја научиле дека може да ги издржи и најтешките животни ситуации.

„Доаѓаш до точка кога си велиш: ’О, ова ми е познато. Сега знам како да го пребродам.‘ Или: ’Можеби не сум била во оваа ситуација, но сум поминала низ нешто слично и знам дека ќе го преживеам и ова.‘ Постојат утешни нешта во сознанието дека, без оглед на тоа колку нешто е болно, тешко или разорно секогаш постои пат низ тоа. Мораш да го почувствуваш тоа. Не можеш да ја отстраниш болката. Мораш да ја проживееш и понекогаш ќе ти се чини како да е неподнослива. Ќе се почувствуваш скршено, но ако одиш нежно и полека, а тоа може да потрае многу долго, болката сепак ќе помине“, изјави актерката.

Кидман веќе еднаш помина низ јавен развод со актерот Том Круз во 2001 година, по 11 години брак. А на 30 септември годинава, официјално поднесе барање за развод од Кит Урбан, по 19 години брак. Во документите како причина го навела „непомирливи разлики“ и побарала судот да ја назначи како примарен старател на нивните две малолетни ќерки – Сандеј Роуз (17) и Фејт Маргарет (14).

Кидман и Урбан живеат одделно од почетокот на летото, кога музичарот наводно го напуштил семејниот дом и си купил сопствена куќа во близина, додека актерката останала со децата. Урбан во моментов е зафатен со својата турнеја „High and Alive World Tour“, а интересно е што Кидман не е видена на ниту еден концерт откако турнејата започна во мај.

Како започнала нивната љубовна приказна

Инаку, Кидман и Урбан се запознале на балот G’Day LA во јануари 2005 година. Но, му биле потребни цели четири месеци на музичарот за да собере храброст и да ѝ се јави на актерката. До мај 2006 година парот се свршил, а венчавката следела само еден месец подоцна.

Првата поголема најава дека во бракот на славната двојка не цветаат рози била во јули 2025 година, кога Урбан завршил на насловните страници поради тоа што нагло прекинал интервју, откако бил запрашан за жешките филмски сцени на Кидман. Најновите гласини велат дека деновиве низ Нешвил кружат приказни дека Урбан е „со друга жена“ по започнатиот развод со актерката, а во еден период се шпекулираше дека станува збор за 25-годишната гитаристка Меги Боу.

Сепак, не е јасно дали Урбан започнал нова љубовна врска пред или по разделбата со Кидман во јуни. Еден извор изјавил дека луѓето во Нешвил, каде што живеат поранешните сопружници, зборуваат за парот и претпоставуваат дека се работи за неверство од страна на Урбан, иако точната причина за нивната разделба сè уште не е откриена.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот