Никогаш не го отпакувала Ајфонот кој ѝ го подариле во 2007 година, сега го продала за 63 илјади долари

Неотпакуван првиот „Ајфон“/ Фото Courtesy of LCG Auctions/MEGA / The Mega Agency / Profimedia

Карен Грин добила Ајфон во 2007 година, но направила нешто што повеќето луѓе не би го направиле – таа никогаш не го отворила. Нејзиниот телефон од првата генерација на Ајфон бил продаден на аукција за 63.356 долари во неделата, пренесува „Би-би-си“.

Оваа цена е за стопати повисока од оригиналната на телефонот со 8 гигабајти од 599 долари.

„Да се ​​открие оригинален модел од 2007 година, со прво издание, сè уште сосема нов со недопрена фабричка заптивка, е навистина извонредно“, изјави за „Би-би-си“, Марк Монтеро од „ЛЦГ Аукции“.

Пријателите ѝ го дале телефонот од 8 гигабајти како подарок во 2007 година, кога се вработила, рекла таа во интервју во 2019 година. Грин штотуку купила друг телефон, па го задржала подарокот без да го отвори.

„Тоа е Ајфон, си рекла таа, „така што никогаш нема да застари“.

За нејзина среќа, таа погрешила. Нејзиниот Ајфон е токму оној кој го бараат колекционерите, вели Монтеро.

„Само сосема нови, неотворени од првата генерација во одлична состојба се вредни“, вели тој. Приказната на Грин е „само шлаг на тортата“.

Познато е дека лојалните ентузијасти на „Епл“ плаќаат добри пари за оригиналните производи. Минатата година, раниот прототип на компјутерот на „Епл“ од 1970-тите бил продаден за над 677.000 долари.

Првата генерација на Ајфон, во слична чиста состојба, се продавал и претходно – еден за 35.414 долари во август и друг за 39.339 долари во октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот