Ник Кирјос: Синер, колку да ти платам за да ме направиш грен-слем шампион?

EPA-EFE/LUKAS COCH

Австралиецот не успеа да дојде до грен-слем титула во сингл во својата кариера која сега е во прекин, па сака Италијанецот да му биде тренер за да го подучи

Еден од најконтроверзните и најинтересни ликови во тенисот, Австралиецот Ник Кирјос, не издржа да не се пошегува со Јаник Синер, кој во неделата го освои својот прв грен-слем трофеј во кариерата, на Австалија опен.

– Јаник, браво, грен-слем шампиону. Прашањето ми е колку треба да ти платам за да ми станеш тренер и јас да освојам грен-слем? – се интересираше Киријос.

Италијанецот беше џентлмен во својот одговор кон Кирјос.

EPA-EFE/JOEL CARRETT

– Тешко прашање. Она што е сигурно е дека им недостигаш на сите. Ти си играч што не се гледа често. Твојот стил на игра, начинот на кој се однесуваш на теренот се различни и ни требаат такви играчи. Се надевам дека ќе се вратиш. Ми недостигаш. Се надевам дека ќе се видиме повторно што е можно поскоро. И тогаш си потенцијален грен-слем шампион, мислам дека го знаеш тоа – возврати Синер.

Останува да видиме кога Австралиецот ќе се врати на терените. За потсетување, тој има одиграно само еден натпревар (во јуни 2023 година) од октомври 2022 година!

Инаку, Кирјос има грен-слем титула и тоа на Австралија опен, но во дубл, кога во 2022 година со Танаси Кокинакис победија во финалето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот