Независниот синдикат на полицијата бара усогласување на платите со новото покачување на минималната плата

Независниот синдикат на полицијата од владата бара платите на полицијата да бидат усогласени со новото зголемување на минималната плата во државата.

Претседателот на НСП Гоце Делчев на прес-конференција ги повика министрите да ја имаат предвид и полицијата зашто според документите што се подготвуваат, рече, за нив не е предвидено покачување на платите.

-Апелираме до сите членови во економско социјалниот совет да се земе предвид, да се изнајде решение со секое покачување на минималната плата да се направи покачување и на платата во полицијата. Бидејќи и ние сме исто како и сите останати службеници во државата без разлика што сме третирани со посебни закони. Покачувањето на минималната плата треба да се вкомпонира и за полицијата, тука ги вклучувам и шумската, судската и затворската полиција. Но, најголем проблем е огромниот број во полицијата кои се директно засегнати од немањето покачување на платата врз основа на покачување на минималната плата, рече Делчев.

Тој рече дека со новото зголемување минималната плата ќе порасне од 20.184 на 22.500 денари.

Разликата од тие околу 2.430 денари е основа која НСП ги бара да биде порамнување врз основа на покачување на минималната плата, додаде претседателот на синдикатот.

Со години наназад, рече, ова барање го доставуваат до МВР, но дека ова Министерство не е тоа што го прави покачувањето и е „незначителен фактор“.

-Покачувањето го бараме од Владата односно од Економско-социјалниот совет кое е тело што расправа, разгледува и донесува одлука на ниво на држава за сите плати, изјави Делчев.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот