Нестабилното време ќе продолжи до крајот на денот

Нестабилно време со пороен дожд, грмежи, локално и во форма на невреме поладневно зафати повеќе места во земјава. Нестабилно време со локален дожд и грмежи го зафати Гевгелиско – дојранскиот регион. Од пладневните часови од север нестабилна воздушна маса проследена со интензивен пороен дожд, грмежи и засилен ветер ја зафати скопската котлина. Локално имаше и краткотрајно невреме со пообилен дожд и појава на град.

Во Гевгелија според мерењата на УХМР навврнати се 30 литри на метар квадратен, 16 Демир Капија, 14 Тетово, 12 Берово, девет Струмица, шест Скопје-Зајчев Рид, три Скопје-Петровец, два Приле и еден литар во  Штип.

До крајот на денот времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмржи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд, грмежи, засилен ветер.

Утре времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 26 до 33 степени. УВ=8

Во Скопје, ќе биде сончево со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне 30 степени.

Во наредните денови ќе биде сончево и топло со пораст на дневната температура. За време на викендот ќе дува умерен до засилен јужен ветер.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот