Несреќа во Севиља: Хеликоптер удрил во дрво, починале две лица

Фото: EPA

Најмалку две лица починале откако приватен хеликоптер се удрил во дрво во шпанската покраина Севиља, јавила шпанската медиумска агенција Европа прес.

Во извештајот се наведува дека несреќата се случила во општината Педрера околу 8 часот.

Лекарите кои излегле на местото на несреќата потврдиле дека загинале две лица, пренесува Спутник.

Граночалникот на Педрера, Антонио Ногалес изјавил за Европа прес дека хеликоптерот летал премногу ниско, но дека не е позната причината за тоа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот