Несекојдневно истражување: Избран градот со најубав мирис во светот

Атина / Фото: Pexels / Jeff Stapleton

Кога ги планираме патувањата, ретко кој од нас размислува како мириса локацијата што ја избираме. Меѓутоа, ако сакате да го земете и тоа предвид, сега е објавена листа на 10-те градови со најубав мирис во светот.

Едно неодамнешно истражување на „ХАЈПП“ фрли светлина врз овој занемарен аспект на урбаниот живот, анализирајќи 30 големи градови во Европа и пошироко за да открие кој од сите има најубав мирис, пишува „Тајм аут“.

Истражувачите ги разгледаа факторите како чистотата и процентот на цвеќарници, пекари и продавници за парфеми за да му дадат на секој град „оценка за мирис“.

А, градот кој се најде на врвот на оваа листа е Атина, Грција. Да, добро прочитавте, грчката престолнина е градот со најубав мирис на светот!

Според истражувањето со 8,3 од 10 на мерачот на мирис, Атина е празник за сетилата. Овој град е и цветен рај, со дури 31 цвеќарница и 22 парфимерии на 10 квадратни километри, што значи дека нежен мирис се шири низ секој агол од градот.

Посветеноста на градот за чистота се рефлектира и во неговиот индекс на еколошки перформанси, кој доби оценка од 56,2.

Иако Атина го зазеде првото место, вреди да се споменат другите градови кои се најдоа на листата на градови со најубав мирис во светот. Париз, Франција, со својот романтичен амбиент и елегантните булевари, ја обезбедува втората позиција, а веднаш зад него е Цирих, Швајцарија познат по својата чистота и живописното опкружување.

Ова се првите 10 градови со најдобар мирис во светот:

Атина, Грција
Париз, Франција
Цирих, Швајцарија
Даблин, Ирска
Луксембург
Никозија, Кипар
Копенхаген, Данска
Букурешт, Романија
Валета, Малта
Амстердам, Холандија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот