Неповторливата Вилма Рудолф: Инспирација која го одушеви спортскиот свет! (ВИДЕО)

фото: твитер

Боледуваше од детска парализа на 4-годишна возраст, но беше храбра во нејзиното опоравување, по што започна и големата желба да се занимава со спорт.

Приказна за Вилма Рудолф, американската атлетичарка, вистинска инспирација која го одушеви светот на Олимписките игри пред точно 60 години.

Спортот секогаш раѓа херои и тоа на големи натпреварувања како Олимписките игри. Така беше во 1960 година во Рим кога се појави Вилма Рудолф и на 20-годишна возраст освои златни медали на 100 и 200 метри.

Доаѓа од сиромашно, но големо семејство од Тенеси. Како едно од 22 деца, беше постојано опкружена со поддршка и грижа, што беше потребна поради нејзината лоша здравствена состојба.

Боледуваше од детска парализа на 4-годишна возраст, родителите беа загрижени дека таа никогаш повеќе нема да оди. Но, со напорна работа на физичката терапија,  успеа да се опорави, се врати нејзината способност да оди на 12-годишна возраст.

Лекарите кажуваа дека нема да ја има можноста повторно да оди, но нејзината мајка го мислеше спротивното, па Вилма повеќе ѝ веруваше нејзе.

Ја победи болеста, имаше голема желба да се занимава со спорт и да се натпреварува. Таа не застана тука, почна да трча, а подоцна дури и се промовираше како една од најбрзите жени во светот.

Пред да биде атлетичарка, во гимназиските денови беше успешна и во кошарката.

Веќе во својата 16 година беше член на американската штафета (4×100 метри) на Олимпијадата во Мелбурн (1956 година) кога ја освои бронзата.

На игрите во Рио (1960 година), доминираше и освои три златни медали, еден во штафетата 4×100 метри, и два поединечно на 100 и 200 метри. Таа во италијанскиот главен град беше првата жена која успеа да истрча 100 метри за 11 секунди. Воедно првата Американка со три златни медали освоени на една Олимпијада.

Не знам зошто трчам толку брзо. Јас само трчам…– се зборовите на Вилма Рудолф.

Доби државна стипендија и се запиша на факултет која го заврши во 1963 година. Тие ја нарекоа „Златната газела“ заради брзината и убавината на движењето. Стана мајка на четири деца, на крајот од нејзината кариера, работеше како учителка, тренер и спортски коментатор.

Таа почина на 54 години од тумор на мозокот. Во 2004 година, американската пошта издаде поштенска марка со нејзиниот лик.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот