Нема знаци на попуштање: Цените на половните автомобили го достигнаа плафонот

Цените на половните автомобили драстично растат и засега нема промена на повидок. Во октомври 2022 година, цените на половните возила на бензин достигнаа нов рекорд.

Според последното издание на барометарот ДАТ на Dојче Аутомобил Трејханд, за автомобили стари три години со бензински мотори се барале просечни 68,2 отсто од цената на новото возило, што е апсолутен рекорд.

Овие цени се должат на малата понуда на возила како последица на коронавирусот, кризата со чиповите и недостигот на делови.

Според ДАТ, реален скок на цените на половните автомобили е забележан од летото 2021 година, додека вредноста на половните автомобили со бензин во јуни 2021 година изнесува 55,5 отсто, една година подоцна таа изнесува 67,6 отсто.

Цените на дизелот се одржуваат на ниво од 65,3 отсто задржување на вредноста за половни автомобили стари три години, објави Пословни хр.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот