Нема скијање со цигари, францускиот ски-центар Ле Гетс прв во Европа забрани пушење

Скијање, Фото: Илустрација/ EPA-EFE/CHRISTIAN BRUNA

Францускиот ски-центар во селото Ле Гетс стана првиот во Европа кој го забрани пушењето за посетителите. На просторот на целиот ски-центар, кој ја отвори сезоната минатата сабота, посетителите годинава ќе бидат пречекани со знаци за забрана за пушење.

Како што изјави за Си-Ен-Ен маркетинг директорот на овој ски-центар, Бенџамин Мугние, пренесува Н1 Словенија, тие се одлучиле на овој потег откако работите не се промениле на подобро, и покрај тоа што во последниве години дури им обезбедиле џебни пепелници за пушачите скијачи.

„На крајот на секоја скијачка сезона сè уште наоѓавме сличен број догорчиња од цигари на скијачката патека. Лани беа собрани околу три илјади догорчиња“, вели Мугние.

По оваа акција за чистење, тие решиле да го забранат пушењето на скијачките патеки. Како што рекоа, одлуката била тешка, но неопходна. Почитувањето на забраната за пушење ќе го следат општинските редари долж трасата, а ќе бидат казнети и сите прекршители. Правилото нема да важи само за време на скијачката сезона, туку и надвор од неа, кога Ле Гетс станува популарно место за пешачење, спортско качување и кампување.

Слоганот на кампањата е „ЛЕ Гетс, област без догорчиња од цигари“. Сепак, пушачите во ова одморалиште, кое се наоѓа блиску до швајцарската граница, нема да бидат целосно лишени од својот порок. Имено, во околината ќе бидат воспоставени пет пунктови каде ќе се дозволува пушење. Скијачки центри за непушачи веќе постојат во Нов Зеланд, Јапонија и Канада.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот