Нема пари за нови пазарни инспектори

Во догледно време нема да се зголеми бројот на пазарни инспектори, бидејќи Министерството за финансии не го одобри планот за нови вработувања во ДПИ. Причината е економска, а препораката е да се заштеди со максимално искористување на капацитетите од другите институции, вели Стојко Пауновски, директор на ДПИ.

Во меѓувреме, ингеренциите на пазарните инспектори значително се зголемија и тие се најактивно вклучени во контрола на мерките за заштита од ковид-19.

-Одбиен ни е планот за нови вработувања, што значи дека ќе мора да се снаоѓаме со она што го имаме на располагање. Сѐ што е инспектор со звање „советник инспектор“ и „помлад инспектор“ е на терен и дење и ноќе во смени. И да ни префрлат луѓе од други институции, не може веднаш да ги испратиме на терен. Обуката трае од една до две години – објаснува Пауновски.

Државниот пазарен инспекторат во моментот располага со 155 инспектори на територијата на целата држава со тенденција за нивно намалување во блиска иднина. Добар дел од нив се пред пензија, а дел веќе се пензионираа.

-ДПИ во 2019 година прими млади кадри. Вработивме нови 15 инспектори од сите области, кои многу ни помогнаа за да можеме да се справиме и навреме да ги извршиме нашите надлежности. И бидејќи дел од инспекторите ги користеа олеснителните мерки, поради корона-кризата, од вкупно 155 инспектори, целиот товар падна на 120, инспектори и помлади инспектори – изјави Пауновски во интервју за „Слободен печат“.

Во првите шест месеци од годинава се извршени повеќе од 15 илјади надзори, од кои над 11 илјади се вонредни. Утврдени се 2.549 неправилности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот