Нема ништо поубаво од тоа да се зборува на мајчиниот јазик, порачуваат Македонците од Албанија

МД Илинден Тирана/Фото: МИА

По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик, 21 февруари, Македонското друштво „Илинден” – Тирана упати честитка до припадниците на македонското национално малцинство во Албанија, како и до сите Македонци ширум светот.

„Негувањето на мајчиниот македонски јазик значи јакнење и зачувување на националниот и културен идентитет, со што нашите деца ќе бидат воспитани соодветно да ги негуваат своите национални, културни и верски традиции“, пишува во честитката.

Оттаму го нагласуваат и значењето на образованието на мајчин јазик, бидејќи, како што велат, тоа е најважниот сегмент во негувањето на основните обележја на еден народ.

„Нема ништо поубаво од тоа да се пишува, твори и зборува на својот мајчин јазик. Јазикот е непресушен извор кој треба постојано да се негува и пред сè да се зачува чистината на убавиот македонски збор”, пишува во честитката потпишана од претседателот на друштвото“, Никола Ѓурѓај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот