Нема карантин за сопатниците на заразениот со омикрон, Филипче вели: Се почитувале мерките

Венко Филипче, министер за здравство/ Фото: Screenshot/Facebook

Првиот пациент заразен со варијантата омикрон на коронавирусот, кој кај нас беше регистриран неделава, е во добра здравствена состојба, изјави министерот за здравство Венко Филипче за Канал 5.

Филипче вели дека ниту еден од патниците во авионот со кој во земјава од Велика Британија пристигна заразениот патник, нема да оди во карантин, бидејќи се почитувале протоколите.

„Тоа се лица кои што носат маски, кои што според барања на одредени авионски компании дури се и КН95 маски, еден сериозен процент на населението е вакциниран, а такви потврди за вакцинација се бараат за влез во земјата“, рече Филипче.

За пациентот, Филипче вели дека засега тој е со многу лесна клиничка слика, се наоѓа во домашни услови и е во добра здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот