Нема Бугарин што не сака Македонија да ја види во ЕУ, вели историчарот Спас Ташев

Спас Ташев / фото: архива на Слободен печат

Бугарскиот историчар Спас Ташев изјави дека секое зближување со Македонија е позитивно и тоа мора да се поздрави.

Според него, моментално сме во фаза на чекање за да ги видиме резултатите, односно дека сѐ е во доменот на добрите желби. Ташев претстојното транспортно поврзување меѓу Софија и Скопје го оцени како позитивна политика. Историчарот потенцира дека во разговорите со Македонија треба „да се отворат практично сите теми“.

-Ова е промена и надградба на бугарскиот пристап за да се создаде нова клима на доверба. Софија има интерес еднаш засекогаш да ги реши проблемите и тешко дека има бугарски државјанин кој е против фактот Македонија да стане членка на ЕУ, нагласи историчарот. За тоа, сепак, мора да се отстрани говорот на омраза и бугарските граѓани во Македонија да имаат еднакви права со другите, вели тој.

Ташев посочува дека доброволното одвојување од минатото би било корисно дури и за Бугарија да даде пример со своето минато.

-Ние велиме дека Скопје не раскинало со комунистичкото наследство, но јасно е дека и ние имаме такви проблеми, додава бугарскиот историчар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот