Нејмар не е повикан, а и Стојановски нема да игра!

EPA-EFE/IAN LANGSDON

В недела својот прв натпревар екипата на ПСЖ како бранител на титулата во „Лига 1“ на домашен терен во Париз ќе го пречека составот на Ним.

За Ним ова лето потпиша најдобриот стрелец во Првата македонска лига за минатата сезона, Влатко Стојановски. Нашиот играч имаше минутажа за својот клуб во пријателските мечеви летово, имаше и еден погодок, но не се наоѓа во составот за гостинскиот дуел против „светците“.

Останува прашањето дали македонскиот интернационалец ќе добие шанса да настапи сезонава во „Лига 1“ или пак клубот може ќе размисли да го испрати евентуално на позајмица со цел да има редовна минутажа.

Од друга страна тренерот на ПСЖ, Томас Тухел потврди дека Нејмар нема да биде во неговиот состав за пресметката со Ним. Бразилецот не ја заврши тренинг сесијата, односно не се наоѓа во добра физичка состојба.

Како што пренесуваат француските медиуми напаѓачот Нејмар не сака повеќе да игра за парижани и сакаме да се фокусира во преговорите за можен трансфер или во Барселона или во Реал Мадрид.

Шпанските медиуми, пак, информираат дека ПСЖ од Барса бара 50 милиони евра и уште двајца фудбалери, се шпекулираат имињата на Филипе Кутињо и Нелсон Семедо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот