РЕАЛ ИЛИ БАРСА: „Кралевите“ испратија супер понуда за Нејмар!

infobae.com

Бразилецот Нејмар не е задоволен во ПСЖ и веќе неколку недели се шпекулира дека сака да го напушти овој клуб и се врати во редовите на Барселона.

Но, сега во борбата за неговите услуги се вклучи и Реал Мадрид, а Флорентино Перез ќе даде сè од себе да биде побрз од Барса.

Каталонскиот „Спорт“ објави денеска дека Реал испратил и официјална понуда за Нејмар тешка 200 милиони евра.

Супер понуда од 40 милиони по сезона и договор на пет години, но и натаму фудбалерот ја разгледува опцијата да се врати во Барса, информира „Спорт“.

Доколку би ја прифатил „кралската“ понуда би бил вториот најплатен фудбалер на светот, единствено пред него би бил Меси.

Освен тоа, адутите на Реал во преговорите се одличните односи со ПСЖ и му нудат на играчот тоа што Барса не може во овој момент. 100 милиони евра веднаш плус играч(и), а на оваа листа би можеле да се најдат Герет Бејл, Кејлор Навас, Марино Диаз и Хамес Родригез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот