Недостиг на храна поради Брегзит во Северна Ирска

Првата министерка на Северна Ирска Арлин Фостер денеска изјави дека Демократската унионистичка партија (ДУП), која таа ја предводи, ја предупредува британската Влада за можни проблеми, поврзани со границата со Ирска по транзицискиот период по Брегзит.

– Премиерот (Борис) Џонсон ни вети дека нема да има потешкотии, но со оглед на протоколот и сите тешкотии што ги видовме на теренот, јасно е дека тоа ќе се случи. Сè беше јасно однапред, рече таа за Би Би Си Радио 4.

Претходно оваа недела, ирскиот министер за надворешни работи Симон Кауни истакна дека недоследностите по Брегзит се одговорни за недостигот на храна во Северна Ирска, а не пандемијата на коронавирусот, како што тврдат некои британски политичари.

Британската секретарка за меѓународна трговија Лиз Трас подоцна призна дека Брегзит придонел за проблемот.

Извор:МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот