Наумов и Давидовски од Штрих: Тоа што се вработивме во Драмски, не значи дека го напуштаме Штрих

Марјан Наумов и Томислав Давидовски/Фото: Слободен печат/ Слободан Ѓуриќ

„Нас не ни беше поентата да направиме здружение, да сме активни за да се вработиме и да го фрлиме ова. Вработувањето е големо олеснување, во однос на некои животни прашања, бидејќи свесни сме дека од независниот тетар се преживува, не се живее“ рече актерот Томислав Давидовски од независниот театар „Штрих“ во утринската програма на Слободен печат.

Тој додаде дека во независниот театар вложуваш многу, не со надеж дека нешто ќе ти се врати, туку едноставно за претствата да успее.

Неговиот колега Марјан Наумов се согласи дека вработувањето во Драмскиот театар е голема промена, но и можност за меѓусебно учење – за институционалниот театар да научи нешто од независната сцена, но и независната сцена да научи од искуството на институционалниот театар.

„Ова е голема можност и шанса бидејќи треба и институционалниот и вонинституционалниот театар да земаат едни од други и некои практики да се пренесуваат“ рече Наумов.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Наумов и Давидовски од Штрих: Немаме дом за нашите претстави, со МКЦ претходно имавме добра соработка, сега не

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот