Наумоски: Еден човек стои зад нападите кон мене

фото: КФСМ

Петар Наумоски на денешниот состанок на Здружението на прволигашите им одговори на клубовите дека работи според правилата и статутот на Македонската кошаркарска федерација. Клубовите се жалеа дека МКФ нема идентичен третман кон сите екипи и поради тоа донесе одлука да се суспендираат клубовите  должници, но Наумоски гледа поинакви мотиви во ваквите напади.

– Кај мене никој никогаш немал протекција и кон сите клубови се однесувам еднакво. Моравме да суспендираме иако не сакавме, пред сѐ поради заканите со кривични пријави. Не сакавме да реагираме веднаш за да има мирна завршница на Купот на Македонија, но сега моравме бидејќи се такви правилата. Од авион се гледа кој и зошто го прави ова, зад сите притисоци се два клуба кои се во директна врска со лице кое се кандидира за претседател на МКФ – изјави Наумоски мислејќи на Перо Антиќ кој има функција во КК Гостивар, додека пред почетокот на сезоната се шпекулираше со негов трансфер во Работнички.

Наумоски им напомена на прволигашите дека е подготвен да им излезе во пресрет и поради тоа МКФ одлучи да го одложи второто коло од Суперлигата кое требаше да се игра утре, за да им даде можност на клубовите да ги подмират долговите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот