Стартот на Суперлигата неизвесен, МКФ ги суспендира должниците

Само еден ден откако одлучи да ги суспендира салата во Градски парк и малата сала во СРЦ Кале, МКФ денеска донесе нова одлука со што се зголемува неизвесноста околу стартот на Суперлигата која треба да стартува в четврток. МКФ денеска донесе одлука да ги суспендира клубовите кои ги немаат подмирено старите долгови кон федерацијата.

„Согласно одлуката од Управниот Одбор на МКФ од 02.10.2018 година со која на клубовите им беше дадена можност старите доспеани долгови да ги платат на пет рати, како и според член 51 од Пропозициите за натпреварување со кој се појаснуваат санкциите кои следат на клубовите-должници доколку не ги намират своите доспеани долгови (стари и нови) во даден рок се СУСПЕНДИРА од понатамошни натпреварувања во сезоната 2018/19. Со намирување на финансиската обврска суспензијата автоматски престанува да важи“ – стои во соопштението објавено на официјалната страница на МКФ.

Со оваа одлука МКФ потклекна на барањето на Работнички од минатата недела кој се закани дека ќе поднесе кривични пријави против федерацијата доколку не бидат суспендирани клубовите должници.
Исто така со оваа одлука се доведува во прашање стартот на Суперлигата која треба да стартува в четврток.
Поради новонастаната состојба, утре во просториите на федерацијата ќе се одржи состанок на здружението на прволигаши на кое ќе присуствува и претседателот Петар Наумоски во обид да се изнајде решение од хаосот во кој се најдоа клубовите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот