Антиќ ќе го руши Пеце Наумоски, се кандидира за претседател на МКФ (ВИДЕО)

фото: МОК

Поранешниот македонски кошаркарски репрезентативец на Македонија, Перо Антиќ изјави дека ќе влезе во трката за претседател на Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Антиќ кој во последните години беше во директен конфликт со сегашниот претседател на МКФ, Пеце Наумоски, во ТВ-емисијата „Улица Македонија“ јавно откри дека ќе влезе во трката за нов челник на македонската кошарка.

„ Сега првпат кажувам јавно дека ќе се пријавам да бидам претседател на МКФ”, изјави Антиќ пред ТВ-екраните.

Антиќ беше капитен на репрезентацијата која цо 2011 година го постигна најголемиот успех со освојувањето на четвртото место на ЕП во Литванија, и за очекување голема поддршка да има од соиграчите како Тодор Гечевски, Владо Илиески, тогашниот селектор Марин Докузовски.

Мандатот на сегашниот предводник на македонската кошарка, Наумоски истекува наредниот месец и ќе мора да свика Изборно собрани на МКФ по истекот на мандатот.
Освен Антиќ, во трката за претседателската функција во МКФ влезе и сегашниот спортски директор Владимир Темелковски.

Антиќ минатиот месец влезе во органите на Македонскиот олимписки комитет како претседател на Олимпискиот совет, а истовремено е член и на Собранието на МОК.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот