Научно докажано: Децата родени во ноември се уникатни

Фото: Olena Afanasova / Alamy / Alamy / Profimedia

Ноември е мрачен месец, но децата родени во овој период се навистина исклучителни. Науката го потврди тоа.

Сите деца се посебни за своите родители и не им е особено важно кога се родило детето – во зима, есен, пролет или во лето. Сивиот ноември не дава премногу причини за радост, па родителите чии деца се родени во тој месец треба да знаат зошто нивните деца, од гледна точка на науката, се навистина уникатни.

Mother.ly секој месец објавува научни факти за децата родени во одредени месеци од годината, а тука откриваме зошто, од научен аспект, ноемвриските деца се толку посебни. Децата родени во ноември, како по правило, се повисоки од своите врсници. Истражувањето спроведено на Харвард покажува дека децата родени во студените месеци, при раѓање се неколку сантиметри подолги од летните новороденчиња. На возраст од 7 години, ноемвриските деца се повисоки и потешки од своите врсници.

Постои голема веројатност да бидат успешни во спортот. Американските истражувања за спортските способности на учениците покажуваат дека најдобри спортисти се децата чиј роденден е во ноември. Тие се дури 10-15 отсто поуспешни од своите врсници на спортските тестови и почесто победуваат на натпревари.

Рано одат во кревет и полесно заспиваат. Овој факт, кој научниците го забележале во текот на своето истражување, особено ќе ги израдува родителите на бебињата, бидејќи дава надеж за добар сон – не само за бебето, туку и за неговите родители. Научниците откриле дека децата родени во пролет и лето имаат тенденција да си легнуваат подоцна од децата родени во есен или зима.

Поголема е веројатноста да бидат леваци, особено кога се во прашање момчињата. Изненадувачки, момчињата родени помеѓу ноември и јануари имаат поголема веројатност да бидат леваци од другите деца. Овој факт го открија научници од Универзитетот во Виена. Испитале 13.000 возрасни и откриле дека 7,5 отсто од жените и 8,8 отсто од мажите се леваци. Кога ги погледнале родендените на мажите, се испоставило дека речиси сите се родени во ноември.

Тие се помалку подложни на некои имунолошки заболувања. Истражувањето спроведено во Велика Британија покажало дека роденденот во ноември може да ги намали шансите за развој на мултиплекс склероза и некои други имунолошки заболувања. Се верува дека ова е поврзано со нивото на витамин Д што мајката го примала во текот на летната бременост.

Луѓето родени во ноември живеат 100 години почесто од другите. Овој факт го утврдиле истражувачите од Универзитетот во Чикаго.

Сите овие факти не негираат дека и децата родени во други месеци се исто така уникатни. Ако ништо друго, кога ќе бидете отпуштени од болница на дождлив и студен ноемвриски ден, убаво е да знаете дека вашето новороденче веројатно ќе спие добро и можеби еден ден ќе стане одличен спортист.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот