Научниците откриле „убиец на корона“: Тестовите врз творовите воодушевиле, сега се на ред луѓето

Спреј за нос кој е потребно еднаш неделно да го користите би можел да се покаже како солидна заштита од вирусот ковид-19.

Спрејот засега е испитуван на творови, кои еден ден пред да бидат изложени на коронавирусот примиле по две дози од средството – вештачки создадени молекули кои го поттикнуваат имунолошкиот систем да работи.

Резултатите покажале дека средството го намалиле размножувањето на вирусот во носот кај творовите за дури 96 отсто, со што бил намален ризикот од инфекции и ширење на болеста.

Средството ИННА-051 ќе почне да се тестира на луѓе во наредните четири месеци. Средството оригинално е развиено за заштита против вируси од настинка и грип, но се уште чека одобрување, бидејќи засега не е докажано без сомневање дека делува.

Меѓутоа, претходните истражувања покажале дека го „забрзува“ антивирусниот одговор на клетките во грлото на здравите волонтери и оние кои патат од астма, како и дека кај глувците делува како продолжена заштита од риновирусот, кој кај луѓето предизвикува настинка.

Ако се одобри ова средство, би можело да пружи дополнителна заштита за оние кои имаат зголемен ризик од зараза со коронавирус, вклучувајќи постари лица и оние кои патат од одредена здравствена состојба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот