Научниците откриваат: Една фаза од спиењето е клучна за намалување на ризикот од деменција

Фото: Pexels / SHVETS production

Ризикот од добивање деменција може да се зголеми со возраста, ако не спиеме во таканаречен длабок сон. Резултатите од новата студија покажаа дека кај луѓето постари од 60 години, ризикот од развој на деменција е 27 отсто поголем доколку годишно изгубат само 1 отсто од оваа фаза на спиење, пишува „Саенс алерт“.

Длабокиот сон е третата фаза од 90-минутниот циклус на човечкиот сон. Оваа фаза која е најмирна, трае околу 20 до 40 минути, а тогаш мозочните бранови и срцевиот ритам се забавуваат додека крвниот притисок опаѓа.

Овој тип на сон ги зајакнува нашите мускули, коски и имунолошкиот систем и го подготвува мозокот да апсорбира повеќе информации. Сега, научниците открија дека индивидуите со промени во мозокот поврзани со Алцхајмерова болест имале подобри резултати на тестовите за меморија кога спиеле подлабоко.

„Спиењето со бавни бранови, или длабокиот сон, му помага на стареењето на мозокот на многу начини, а исто така знаеме дека спиењето го зголемува отстранувањето на метаболичкиот отпад од мозокот, вклучително и олеснувањето на отстранувањето на протеините што се таложат во Алцхајмерова болест. Сепак, досега не бевме сигурни каква е улогата на спиењето со бавни бранови во развојот на деменција. Нашите наоди сугерираат дека губењето на спиењето со бавни бранови може да биде фактор на ризик за деменција“, вели неврологот Метју Пас од Австралија.

Во студијата, Метју Пас и неговите колеги од Австралија, Канада и САД испитувале 346 учесници кои учествувале во две студии за спиење помеѓу 1995 и 1998 година и помеѓу 2001 и 2003 година, со просек од пет години помеѓу периодите на тестирање.

Кај членовите на оваа група, деменцијата не беше регистрирана во времето на студијата во 2001-2003 година. Исто така, испитаниците биле постари од 60 години во 2020 година.

Анализирајќи ги нивните податоци, истражувачите беа во можност да ја разгледаат врската помеѓу двата фактори со текот на времето, споредувајќи ги збирките на податоци од две длабински студии за спиење полисомнографија и потоа следејќи ја деменцијата кај учесниците до 2018 година.

„Ги користевме за да испитаме како длабокиот сон се менува со стареењето и дали промените во процентот на спиење со бавни бранови, одосно длабок сон, може да бидат поврзани со ризикот од развој на деменција подоцна во животот, до 17 години подоцна“, рече Пасе.

Во текот на 17-годишното следење, беа забележани 52 случаи на деменција меѓу учесниците. Длабокиот сон на учесниците бил забележан и во сите студии, а сега податоците биле анализирани за да се види дали има врска со појавата на деменција.

Севкупно, беше откриено дека времето поминато во длабок сон се намалува од 60-тата година наваму, при што падот беше најголем на возраст од 75 до 80 години, пред да се израмни потоа.

Споредувајќи ги податоците од двете студии, истражувачите пронајдоа врска помеѓу секое намалување на процентуалниот поен во спиењето со бавни бранови годишно и 27 отсто зголемен ризик од развој на деменција. Тој ризик се зголеми на 32 отсто кога се фокусираа на Алцхајмеровата болест, најчеста форма на деменција.

Студијата, разгледуваше повеќе здравствени податоци со текот на времето, вклучувајќи губење на волуменот на хипокампусот (ран знак на Алцхајмерова болест) и заеднички фактори кои придонесуваат за развој на кардиоваскуларни болести.

„Откривме дека генетскиот фактор на ризик за Алцхајмеровата болест, но не и волуменот на мозокот, е поврзан со забрзаниот пад на времето поминато во длабок сон“, вели Пас.

Иако ова се јасни асоцијации, авторите забележуваат дека овој тип на студија не докажува дека загубата, односно помалата количина на длабок сон предизвикува деменција и можно е процесите во мозокот поврзани со деменција да предизвикаат губење на сонот. Потребни се повеќе истражувања за целосно да се разберат овие фактори.

Секако, додека научниците не дојдат до ново знаење, можеме да дадеме приоритет на квалитетен сон и да одвоиме доволно време за спиење, бидејќи тоа е важно за многу работи, а не само за подобрување на меморијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот