Научниците објаснија што се случува во мозокот на тинејџерот кога родителот го критикува

Фото: Pexels

Родителите кои се склони да ги критикуваат своите деца често не сфаќаат дека им прават многу повеќе штета отколку корист.

Група невронаучници од Универзитетот во Питсбург, Калифорнија-Беркли и Харвард одлучиле да истражат како родителската критика влијае на тинејџерите, особено на нивниот мозок. Во студија во која учествувале 32 тинејџери и 22 тинејџерки, научниците дошле до неверојатно откритие.

Истражувачите се фокусирале на три специфични мозочни мрежи во мозокот на тинејџерите, области кои претходно биле поврзани со обработка на негативни емоции, области вклучени во регулација на емоциите и таканаречени нервни области вклучени во разбирањето на перспективите на другите луѓе.

Тие набљудувале колкава активност се случувало во овие области кога тинејџерите ги слушале своите родители, особено своите мајки, како ги критикуваат, во споредба со тоа кога ги слушале своите мајки како зборуваат за „неважни“ работи, како купување намирници. Тие, исто така, погледнале дали и потоа продолжиле некои промени во активноста на мозокот.

Како што покажале резултатите, кога тинејџерот ќе ја слушне критиката на родителот, неговиот мозок буквално се гаси на неколку моменти. Поточно, кога слушале критики, мозокот на тинејџерите покажувал поголема активност во областите што се вклучени во негативните емоции, но и значително намалена активност во регионите вклучени во размислувањето, емоционалната контрола и заземањето на туѓо гледиште.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот