Научници направиле самообновливи соларни панели користејќи „чудотворен материјал“

Фото: Andrey Armyagov / Alamy / Alamy / Profimedia

Научниците измислиле соларни панели од следната генерација, способни сами да се поправаат кога ќе се оштетат во вселената.

Оваа револуционерна технологија го користи таканаречениот „чудесен материјал“ перовскит, кој претходно се користеше за значително зголемување на ефикасноста на стандардните силиконски соларни ќелии, пренесува „Јаху“(Yahoo).

Тим од Универзитетот во Сиднеј во Австралија откри дека извонредните својства на материјалот им овозможуваат на соларните панели во ниската орбита на Земјата, кои биле оштетени од радијација, да вратат 100 отсто од нивната првобитна ефикасност користејќи го сонцето.

Сателитите користат соларни панели за да обезбедат електрична енергија уште од 1950-тите, но тие трпат деградација на ниво до 10 отсто загуба на ефикасност годишно, поради различни видови на зрачење. За да се борат против ова, научниците тестираа нов дизајн со помош на микросонда за да ја имитираат изложеноста на протонско зрачење на кое се изложени соларните панели додека орбитираат околу Земјата илјадници години.

Тие откриле дека процесот на деградација предизвикан од овој тип на зрачење може да се промени во соларните ќелии од перовскит користејќи вакуумска термичка обработка. Перовскитот е добар поради неговиот потенцијал да ги трансформира индустриите кои се движат од обновливи извори на енергија до телекомуникациски.

Во 2017 година, професор по наука за материјали на Универзитетот во Јута го опиша како „неверојатен, чудесен материјал“, поради неговата извонредна способност да ја претвори сончевата светлина во електрична енергија кога се користи со фотоволтаична ќелија.

Најновиот пробив во соларните ќелии би можел да има повеќекратна примена, како на пример во глобалните интернет сателитски соѕвездија како Старлинк (Starlink) на „Спејс икс“(SpaceX).

„Се надеваме дека сознанијата добиени од овој труд ќе придонесат за идните напори во развојот на поевтини и полесни соларни ќелии за идни вселенски апликации“, рече водачот на проектот, проф. Анита Хо-Бејли од Центарот за извонредност во науката Екситон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот