Научен собир на МАНУ посветен на Крсте Мисирков

Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“
Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков“ / Фото: Архива на „Слободен печат“

Македонската академија на науките и уметностите денеска ќе организира научен собир посветен на Крсте П. Мисирков (1874-1926).

Собирот со поздравно обраќање ќе го отвори претседателот на МАНУ, академик Љупчо Коцарев, а во три сесии излагања ќе имаат 16 учесници кои ќе се осврнат на делото на Мисирков и на неговото значење за македонската историја и култура.

Ќе бидат промовирани и две изданија – „Преродбата и по неа: Григор Прличев, Димитрија Чуповски” и „Марко К. Цепенков, македонската народна култура и фолклористика”, а актерот Крсте Јовановски ќе изведе дел од драмата „Последниот ден на Мисирков” на Јордан Плевнеш.

Во оваа пригода свечено ќе биде откриена скулптура на Крсте Мисирков, дело на академик Боро Митриќески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот