Наташа Беквалац се повлекува од музиката

фото: Инстаграм

 Популарната српска пејачка преку објава на својот инстаграм-профил откри дека донесла одлука да се повлече од музиката. Ова го стори само неколку дена откако објави дека донесла одлука да престане да пуши цигари, а како што вели таа, ова било причина да донесе и други важни одлуки.

Причина за паузата од работните обврски според неа се исцрпеноста и промените во расположението, но, она кое привлече големо внимание во објавата се однесува на мажите кои ја повредиле.

„Неверојатно е како една голема прмена влече низа други. Изморена сум, исцрпена и нерасположена. Чувствувам дека ова е време кога треба да се вратам на себе. Вистинската, здрава, среќна јас. Онаа која во секој момент има што да ми пружи. Решив некое време да не настапувам, дека ми треба пауза од настапи. Да останеме само музиката и јас…во студио. Не знам каде ќе ме одведе сето ова, но знам дека сум подготвена сè што ќе излезе од ова да биде мое и искрено. Го чистам и минатото. Некои мажи кои многу ме повредија, ми се јавија и ми се извинија. Ми пишаа. Веројатно сето тоа е потребно за да бидам слободна, своја и инспирирана.“ – напиша пејачката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Nataša Bekvalac (@bekvalceva)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот