Натали Портман се разведува: Не можела да помине преку неверството на сопругот

Фото: EPA-EFE/NINA PROMMER

Како што пренесуваат странските медиуми, уште еден холивудски пар ја завршува својата љубовна приказна.

Бракот на холивудската ѕвезда Натали Портман и балетанот Бенџамин Милепид беше во криза откако актерката дозна за наводното изневерување на сопругот со 25-годишна Французинка.

„Откако се појави неговата афера, тие работеа на помирување и спасување на бракот, но сѐ е готово“, рекол изворот, пренесува „Дејли мејл“ (DailyMail).

Во јуни, бракот на Портман и Милепид беше тема на статија во француското издание „Воичи“ (Voici), во која се тврди дека францускиот танчер и кореограф имал афера со помладата жена – активистка по име Камил Етјен.

Сепак, „Пипл“ (People) објави дека инсајдерот тврди дека наводната афера со Етјен била „краткотрајна“ и сега е „завршена“.

Портман била видена како го носи нејзиниот венчален прстен веднаш по објавувањето на веста за неверство, но во последните излегувања сепак не го носела прстенот.
Според „Пејџ сикс“ (Page Six), Портман дознала за изневерувањето на нејзиниот сопруг на почетокот на март, но парот успеал да ги реши проблемите во врската.

По овој наводен престап, тие преземале чекори за да направат сѐ што можат за да го спасат бракот.

Извор претходно потврди за „Дејли мејл“ дека парот сѐ уште е заедно откако се појавија тврдењата за аферата.
Двајцата, кои го имаат синот Алеф и ќерката Амалија, сѐ уште официјално не објавиле дека се разведуваат.

„Направи огромна грешка“: Сопругот ја изневерил Натали Портман со 25-годишна активистка

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот