Училница / илустрација / Фото: Слободен печат

Насилство на час во училиште во Карпош – ученик нападнал девојче од класот и го повредил

16-годишно момче од Скопско, ученик во средно училиште во скопската општина Карпош, вчера нападнал соученичка за време на школски час и ја повредил, соопшти полицијата.

Случајот, кој ги вознемирил учениците, професорите и сите во училиштето, во полиција го пријавила мајката на девојчето.

„На 07.10.2025 во 12:30 часот во Полициската станица Карпош e извршен службен разговор со 16-годишен малолетник од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 46-годишна жена од скопско дека на 06.10.2025 околу 13:00 часот во средно училиште на подрачјето на Карпош, физички ја нападнал нејзината малолетна ќерка, со која биле соученици. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, пишува во полициското соопштение.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот