Насилници нападнале полицајци на избирачко место во Скопје Север, им се заканувале со пиштол

Полицајци обезбедуваат избирачко место / 17 октомври 2021 / фото: ЕПА/ЕФЕ

Повеќе лица на изборниот ден нападнале полицајци кои обезбедувале избирачко место во населбата Скопје Север, соопшти полицијата.

„На 31.10.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 17.30 часот на избирачко место бр.2955, 2955/1, 2956, 2956/1 во Центар за рехабилитација во нас.Скопје – Север, додека полициски службеници вршеле обезбедување на избирачкото место, биле нападнати од И.Т.(42) од Скопје, заедно со повеќе лица, меѓу кои и И.Љ(39) од Скопје, кој со пиштол им упатувал закани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот