Насилна пресметка во Прилеп: Едно лице почина, а шест се приведени

тепачка
Илустрација: Тепачка / Фото: МИА

На 14.10.2020 во 20.38 часот во СВР Битола било пријавено дека во населба „Тризла“ во Прилеп бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу повеќе лица.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и било утврдено дека настанала физичка пресметка помеѓу две групи и со повреди од остар предмет се здобил Е.Б.(31) од Прилеп, констатирани во Општа болница Прилеп, додека едно лице не давало знаци на живот. Лекар од Итна медицинска помош Прилеп констатирал смрт кај Т.Б.(42) од Прилеп. По наредба на Јавен обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција.

Во врска со настанот во полициска станица биле приведени М.Л.(39), Џ.Л.(54), С.А.(23), М.А.(25), Ш.А.(35) и С.К.(20), сите од Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. При интервенцијата, полициски службеник пукал двапати во воздух за да ги спречи лицата во понатамошната пресметка.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот