Наши миленици: Мазикин

Ова е мачето што неколку месеци немаше име. Ни се појави на Интернет и знаевме дека е наша. Отидовме по неа, беше тмурно и врнежливо, ја пикнавме во јакна и си го разубавивме животот. Многу брзо почна да си го цени личниот простор и да не дозволува премногу да се опушташ со задевање. Музичко маче е, спие на плочи и на затворен грамофон. Самостална е, храбра, жив инает, не сака гости и се расправа кога ќе ѝ кажеш „не“, иако тешко ѝ се кажува „не“ бидејќи е обожавана. И да, ако не е по нејзино, легнува и глуми дека е мртва. Се мислевме кое име ќе ѝ одговара додека не ни текна дека совршено личи на еден лик од стрип на Нил Гејман – Мазикин. Дали ѝ се обраќаме така по дома? Кога ќе направи беља, да. Остатокот од времето е главно – Милица.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот