Народна банка: Не сме хакирани, ама има обиди

Народна банка на РСМ
Народна банка / фото: НБРСМ

Апсолутно се неточни тврдењата дека е хакирана веб-страницата на Народната банка, во што може да се увери секој доколку ја посети www.nbrm.mk, реагира вечерва централната банка.

Реакцијата доаѓа откако грчката хакерска група „Моќна грчка армија“ вечерва на Твитер се пофали дека ја пробила веб-страницата на НБРМ, која подолг период во текот на вечерта не беше достапна.

Фото: нбрм.мк

Од Народна банка додаваат дека во изминатиот период имало обиди за напад, но оти безбедноста на информацискиот систем на Народната банка никогаш не била доведена во прашање.

-Народната банка, во склад со глобалните трендови постојано работи на зајакнување на отпорноста на информацискиот систем, преку зајакнување на сигурносните заштити и на сите останати потребни ресурси, се вели во соопштението.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот