Напролет ќе стартува првата домашна Берза на струја

Симон Шутиновски, директор на МЕМО/Фото: МИА

Директорот на МЕМО, Симон Шутиноски, информира дека конечно ќе добиеме референтна цена на струјата, која сега се пресметува според унгарската берза ХУПЕКС, која е поразлична од онаа цена која би била во Македонија

Во април или мај догодина се очекува да стартува првата домашна Берза на струја, најави директорот на МЕМО, Симон Шутиноски. Според него, конечно ќе добиеме референтна цена на струјата, која сега се пресметува според унгарската берза ХУПЕКС, која е поразлична од онаа цена која би била во Македонија.

Можеби цената ќе биде иста, но потребите на пазарот во Унгарија и пазарот во Македонија се различни. Различни се времињата на побарувачка и на понуда – појасни Шутиноски. Договор со берзата, како што кажа, ќе треба да склучи секој трговец на берзата, а цената на електричната енергија ќе зависи од пазарот на тргување, односно од понудата и побарувачката.

– Во моментот се тестира платформата во партнерски однос со најголемата европска берза ЕПЕК Спот. До крајот на февруари се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ги изготви правилата за тргување. Конечно на оваа берза, која ќе важи за територијата на земјата, ќе се појават компании кои ќе ја нудат струјата со референтни цени. За почеток ќе се тргува со „ден однапред“, а се планира потоа да се оди со понуда и побарувачка за тековниот ден – објасни Шутиновски, најавувајќи дека како втор чекор ќе биде поврзувањето со берзите во соседството.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот