Нанесете МАТ КАРМИН без ризик за сушење на усните и нивно пукање

кармин мат
Фото Профимедиа

Трендовите за шминкање се менуваат, но во последниве неколку години единствена константа е мат изгледот на усните.

Но, најголем проблем се појавува кога усните се сушат по негово подолго користење, па изгледаат грубо и ненегувано.

За да бидете сигурни дека ќе постигнете совршен мат изглед потребно е:

Пилинг за усни

По 2-3 пати последователно носење мат кармин, мора да направите пилинг на усните, па да ги негувате со балсам. Вака негувани усни секогаш ќе бидат одлична подлога за нанесување кармин.

Подлога

Веднаш по пилинг нанесете подлога за шминка (прајмер) и тоа истата онаа која ја користите за лицето. Подлогата ќе ги одржи меки и хидрирани, а најчесто е и збогатена со витамини и други минерали.

Чекор по чекор

Карминот не го мачкајте онака како што ви паѓа на памет. На горната усна најпрво исцртајте со молив во истата боја ознака Х точно на средината. Исцртајте внимателно околу целата уста. Започнете од средината на горната усна кон надворешните агли. Долната усна нашминкајте ја во еден потег.

Хајлајтер

Со прстите нанесете малку хајлајтер на горниот раб на устата, точно на средината. На овој начин спречувате вашите усни да изгледаат еднодимензионално.

БОНУС ВИДЕО:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот