Наместо божиќна честитка, лекар им испратил на пациентите дијагноза за рак на белите дробови

Фото: Pexels

Докторска ординација на северот на Англија по грешка на своите пациенти, наместо божиќна и новогодишна честитка, им испратила порака за галопирачки рак на белите дробови со метастази, објави британскиот весник „Сан“.

Пациентите во ординацијата во Аскерн, во близина на Донкастер, примиле СМС-пораки за дијагноза на ракот и молба да го пополнат формуларот, со „Благодарам!“ на крајот од известувањето.

Десетина минути подоцна добиле порака: „Претходната порака ви е испратена по грешка“. Нашата порака треба да гласи: Ви посакуваме среќен Божиќ и среќна Нова година!“.

Многу пациенти ја фотографирале погрешната порака и ја објавиле на социјалните мрежи.

„Уште една огромна грешка на никаквите лекари“, напишал еден пациент на Фејсбук, а друг пациент одговорил: „Сите во Аскерн ја добија таа порака“.

Весникот „Сан“ објави дека меѓу пациентите навистина навистина имало еден 57-годишник кој го чекал резултатот од анализата за можен рак на белите дробови.

Пациентот Крис Рид изјави за британски таблоид дека по вознемирувачката порака се обидел да им телефонира на лекарите, но линијата била зафатена.

На крајот отишол во ординацијата каде лекарите му рекле дека неговите резултати се негативни на рак.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот