Најжешките и најудобни секс-пози за во автомобил

Доколку ви се распалат страстите додека сте во автомобилот, застанете некаде на пола пат и дозволете вашата сексуална возбуда да добие посебна магија. Изберете сигурна локација и почнете да фантазирате. Останатото ќе си дојде само по себе.

Ако сакате да практикувате секс во кола, во возилото секогаш имајте влажни марамчиња или тоалетна хартија, кондоми и вода за да можете да се освежите по чинот.

Еве ги најжешките и најудобни секс-пози за во автомобил.

 

1. На совозачкото седиште

Прва варијанта: Поместете го возачкото или созвозачкото седиште назад до крај, па спуштете го потпирачот. Машкото треба да лежи, а девојката да му седне во скут со лицето кон него.
Втора варијанта: Машкото лежи како во првата варијанта, но таа седи свртена кон него со грб, а со рацете се потпира на воланот или на преградата за чување ствари.

2. Блиску, поблиску

Ако се одлучите за задното седиште, најпрво запознајте се со позата блиску, поблиску. За почеток, спуштете го предното седиште за да добиете што повеќе место позади. И оваа поза има две варијанти. Во првата, машкото седи одоздола, а жената седи кај него во скут со нозете во клекната положба, додека тој е меѓу нив. Втора варијанта е девојката да седне со грбот кон него.

3. На задното седиште

Мисионерската поза им е позната на сите – таа лежи, а тој е врз неа. Многу е веројатно оваа класична поза да не ви биде баш многу удобна на задното седиште во автомобилот, но со малку фантазија, може да биде и тоа како возбудлива.

4. Додека возите

Ова е нешто што мажите-егзибиционисти го обожаваат. Додека тој вози, таа му дава орален секс. Оваа поза не е препорачлива од две причини – безбедносната, како и заради непријатностите за девојката кои настануваат секогаш кога ќе наидете на дупка или лежечки полицаец.

5. На хауба

Ова е пред се летна секс-поза, која има многу варијанти и е многу удобна за момците – таа лежи на хаубата со подигнати нозе или поставени на неговите рамена, а тој стои помеѓу нив. Друга варијанта е таа да биде потпрена на хаубата гледајќи кон шофершајбната додека тој е зад неа. За оваа поза најмногу треба да се погрижите околу изборот на локацијата, бидејќи сепак треба да излезете надвор од автомобилот.

Ви преостанува да изберете некоја од овие најосновни, но возбудливи и удобни секс-пози за во автомобил и да ги распалите вашите страсти до невидени граници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот