Најстудено на Попова Шапка и во Маврови Анови, најмногу дожд во Гевгелија

фото: Слободен печат / Драган Митрески

Најниска температура од минус еден степен Целзиусов утрово е измерена на Попова Шапка и во Маврови Анови. Следат Лазарополе, Берово и Крушево со нула степени, 1 во Прилеп, Битола, 2 Претор, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Велес, Кавадарци, Охрид, Тетово, Крива Паланка, 7 Скопје-Зајчев Рид, 5 Виница, Гевгелија, 6 Штип и 8 степени во Дојран.

За изминатите 24 часа заклучно до 07 часот најмногу воден талог од 11 литри на метар квадратен е наврнат во Гевгелија, потоа во Струмица 8 л/м2, 7 во Виница, 6 Радовиш Пожар, 5 Крива Паланка, 4 Охрид, 3 Лазарополе, Куманово, 2 Берово и 1 л/м2 во Маврови Анови, Демир Капија, Претор, Штип, Битола, Дојран и во Скопје кај Петровец.

Времето денеска променливо облачно, претежно во планинските региони во западните делови и на крајниот исток со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно со услови за краткотраен дожд и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе достигне 16 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот