Најмалку 74 мртви во поплавите во индиските Хималаи, над сто исчезнати

Индија поплави / Фото EPA-EFE/NDRF

Бројот на загинати во поројните поплави предизвикани од излевање на глечерното езеро на индиските Хималаи денеска се искачи на 74, а 101 лице се водат како исчезнати, соопштија локалните власти.

Претходните денови во таа област во североисточна Индија врнеше силен дожд, што предизвика покачување на нивото на водата во глечерното езеро, поради што браната попушти, а водата од езерото се излеа низ тесна долина кон населени области, уништувајќи ги околните села и градот Рангпо, на околу 50 километри јужно од Гангток, главниот град на државата Сиким, објавија британските медиуми.

Врховниот лидер во државата Сиким, Виџај Бушан Патак спасувачите пронашле 25 тела низводно, во државата Западен Бенгал, вклучувајќи тела на осум војници.

Тој рече дека 101 лице се уште се водат како исчезнати во последната од серијата природни катастрофи предизвикани од екстремните временски услови во регионот на Хималаите.

Меѓу исчезнатите има 14 припадници на армијата, соопшти Министерството за одбрана на Индија и наведе дека потрагата по преживеани дополнително се отежнува поради оштетените патишта, лошите комуникациски врски и неповолните временски услови.

Локалните жители се обидуваат да помогнат во расчистувањето на калта и делови од срушените згради што ги остави катастрофата, една од најлошите во изминатите 50 години во оддалечениот регион на југоисточна Индија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот